Навивач, нудист и бизнисмен: Откриен идентитетот на голиот човек кој вчера влета на дуелот од Лига Европа (ВИДЕО)

386 прегледи

Натпреварот помеѓу Гранада и Манчестер Јунајтед во четвртфиналето од Лигата на Европа беше накратко прекинат во петтата минута затоа што на теренот влезе човек без облека.

Иако присуството на публика на овој натпревар не е дозволено, еден навивач успеа не само да се пробие на стадионот, туку и да истрча на теренот. И без ниту еден партал на себе.

Идентитетот на „натрапникот“ наскоро беше откриен, а станува збор за славниот Олмо Гарсија, еден од најпознатите нудисти и легенди на шпанска Гранада.

Гарсија е казнет повеќе од десет пати од локалните власти за ваквите настапи, а како што повеќе пати истакна, ваквите потези се последица на желбата за „мир да владее со светот“, како и „одржливост на луѓето и околината. ”

Патем, Олмо е исто така бизнисмен, и можете целосно да го запознаете надвор од фудбалските терени.

Слични содржини