441
За Кендал Џенер, кошаркарскиот натпревар помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Феникс Санс бил кошмар поради непријатностите што ги доживеала со навивачите.
Во драматична борба гостите од Феникс победиле со 113-100, а познатата манекенка и член на семејството Кардашијан-Џенер дошла да го бодри своето момче Девин Букер, главна ѕвезда на тимот од Аризона.
Освен што немале причина за славење, по натпреварот неколку навивачи вербално ја нападнале младата Кендал.
Додека одела кон автомобилот, група млади луѓе ја малтретирале, пцуејќи, сето тоа поради незадоволството што Лејкерс биле елиминирани од плејофот, пренесува „Јутарњи.хр“.