Навивачите на Динамо Киев со поддршка за хрватските хулигани, испишаа пораки на ракетни бомби

од Nikola Popovski
382 прегледи

Навивачите на киевски Динамо на социјалните мрежи ги поддржаа навивачите на загрепски Динамо по нередите предизвикани во Атина во пресрет на натпреварот од третото квалификациско коло од Лигата на шампионите со АЕК.

На Твитер беше објавена фотографија со пораки на ракетни бомби: „Слобода за БББ. 07.08.2023. Вие сте кралевите на Европа“, се дел од пораките на украинските навивачи.

Руската агресија во Украина трае последнава година и пол.

Да потсетиме, навивачите на Динамо со поддршка од навивачите на Панатинаикос ноќта меѓу понеделникот кон вторникот се степаа со навивачите на АЕК. Во нередите на улиците на Атина беа повредени десетици навивачи, приведени околу стотина, од кои повеќето Хрвати, а загина Михалис Кацурис (29). Не е познат идентитетот на убиецот кој со нож го усмрти Кацурис.

На гостинските навивачи им беше забранет влезот, но 100-200 од нив сепак пристигнаа во Атина. По трагедијата, УЕФА го одложи натпреварот, па актуелните прваци на двете земји ќе излезат на теренот следната недела. Првиот натпревар се игра на 15 август во Загреб од 20 часот, а реваншот е закажан три дена подоцна.

Слични содржини