Наводната употреба на дрога на Маск ги загрижува шефовите на „Tesla“ и „SpaceX“

од Nikola Popovski
848 прегледи

Одредени раководители и членови на одборот на директори на компании во сопственост на Илон Маск, како и други луѓе блиски до најбогатиот човек на светот, изразиле загриженост дека неговата наводна употреба на наркотици може да има последици не само за неговото здравје, туку и за шесте компании со кои раководи милијардерот.

Тој, наводно, користел ЛСД, кокаин, екстази и други психотрони супстанци, често на приватни забави ширум светот, каде што присутните потпишуваат договори за необјавување или ги предаваат своите мобилни телефони пред да влезат, наведува „Wall Street Journal“ (WSJ).

Маск претходно користел марихуана во јавноста и изјавил дека има рецепт за кетамин со психоделичен ефект, пренесува Танјуг.

Според тврдењата на „WSJ“, милијардерот консумирал психоактивни супстанци и со Стивен Јувертсон, член на одборот на директори на „SpaceX“.

Нелегалната употреба на дрога најверојатно би била прекршување на американската федерална политика, што може да ги загрози договорите од милијарди долари меѓу „SpaceX“ и американската влада, пишува „WSJ“.

Слични содржини