Manhart Performance со неколку најавни слики потврди дека подготвува модифицирана верзија на неодамна претставената нова генерација на BMW M2 (G87).
Моделот го носи името Manhart MH2 560 и ќе има 3.0 литарски шестцилиндричен TwinPower Turbo мотор засилен од фабричките 460 КС и 550 Nm на 560 КС и 650 Nm вртежен момент (нов турбо комплет, репрограмирана единица ECU…). Податоци за забрзување до 100 km/h и максимална брзина се уште не се дадени.
Дел од пакетот ќе вклучува и аеро-кит од јаглеродни влакна (преден спојлер, странични прегради, заден дифузер, заден спојлер), нови тркала, спортски издувен систем со четири издувни цевки, модифицирана суспензија, засилен систем за сопирање, значки Manhart и златни тркачки пруги, како и префинет ентериер.