Ексцентричниот инфлуенсер и готвач од Турција, Нусрет Гокче, попознат како Salt Bae, е познат по своите стекови и специфичната поза за солење храна. Но, за неговиот личен живот, т.е. за љубовниот статус, речиси ништо не се знае.
Од една страна, Salt Bae ужива во вниманието што го добива, ужива да провоцира со своите појави, да создава јадења за чиј вкус, но и цена, на големо се зборува. Од друга страна, како змиски нозе, ја крие својата приватност. А многумина би сакале да знаат дали е во врска, дали има жена…
Една од ретките прилики кога Salt Bae им дозволи на фановите да ѕирнат во неговиот свет беше фотографијата што ја објави на Инстаграм. На таа фотографија тој е со дури девет деца.
Многумина веднаш сфатија дека тоа се сите негови деца, откако на фотографијата криптички додаде опис – „Човек кој не поминува време со семејството не е вистински маж“.
Сепак, не е целосно познато дали тоа се сите негови деца или деца од неговото семејство.
А за се да биде уште поинтригантно, тој на втора фотографија што ја објави е со дури 12 деца. Има и жена, првата за која се претпоставува дека му е сопруга, иако може да му биде и девојка, сестра или братучетка…
Едноставно, човекот е мистерија, барем што се однесува до тоа.
Гокче, кој има синџир ресторани во Турција и Емиратите, се стекна со слава кога пред неколку години објави видео во кое ги покажува своите вештини во кујната, со специфично движење додека ја посолува храната, по што и се прослави.
Турските медиуми јавуваат дека тој е роден во 1983 година и израснал во големо семејство во приморски турски град, како едно од петте деца. Како тинејџер почнал да работи како чирак кај месар, а поради тешката финансиска состојба на семејството не можел да оди на училиште.
Меѓутоа, со текот на времето успеал да го усоврши својот занает, а неговата вештина станала позната. Денеска се дружи со светски фаци кои доаѓаат во неговите ресторани на гастрономско задоволство. За неговиот познат томахавк стек со 24-каратно злато без проблем даваат 960 евра.