НБ: Дефицитот на тековната сметка е 4,2% од БДП во 2025 година, што претставува одредено продлабочување во споредба со 2024 година

Последните проекции за надворешната позиција укажуваат на дефицит на тековната сметка од  4,2% од БДП во 2025 година, што претставува одредено продлабочување во споредба со претходната година.

од Vladimir Zorba
12 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Состојбата на девизниот пазар и натаму е стабилна. На крајот на октомври,нивото на девизните резерви изнесува 4.842,9 милиони евра, што според сите меѓународни показатели за адекватноста на девизните резерви се оценува како соодветно ниво, стои во извештајот од редовната седница на Извршниот одбор за монетарната политика и седница на Советот на Народната банка.

Последните проекции за надворешната позиција укажуваат на дефицит на тековната сметка од  4,2% од БДП во 2025 година, што претставува одредено продлабочување во споредба со претходната година.

На среден рок, за периодот 2026 ‒ 2028 година, се предвидува постепено стеснување на дефицитот и негово сведување на 2,6% од БДП во 2028 година.

Се очекува дека финансиските текови ќе бидат солидни во текот на периодот на проекциите, обезбедувајќи целосно финансирање на дефицитот и раст на девизните резерви, стои во извештајот.

Слични содржини