НБ: Годишен раст од 8,1% на вкупните депозити и од 7,7% на вкупната кредитна поддршка во ноември

од Vladimir Zorba
225 прегледи

Вкупните депозити во ноември, на годишна основа, се повисоки за 8,1%, при раст кај двата сектора со поголем придонес на секторот домаќинства.

На годишно ниво, вкупните кредити, во ноември, бележат раст од 7,7%, при зголемено кредитирање кај двата сектора – поизразен кај секторот домаќинства.

Во ноември, гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити, забележаа месечен раст од 0,5% и 1,2%, соодветно, при годишен раст од 6,8% и 16,1%, соодветно.

Овој месец, кај автомобилските кредити е забележан пад од 2,4% и 17,9% на месечно и годишно ниво, соодветно, додека кредитите одобрени на
кредитни картички бележат минимален месечен раст од 0,1%, при годишен пад од 9,3%.

Негативните салда на тековните сметки се пониски за 0,5% на месечно ниво, додека на годишно ниво се зголемени за 1,2%.

Во ноември, кај кредитите одобрени врз други основи е забележан месечен и годишен пад од 1,8% и 30,6%, соодветно, се вели во извештајот на НБ.

Слични содржини