НБ: Потрошувачките и станбените кредити со годишен раст од 10,2%, односно 16,1%

Во септември 2025 година, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, на месечна основа се зголемени за 0,9% и 1,6%, соодветно, при годишен раст од 10,2% и 16,1%, соодветно, вели извештајот на Народна банка.

од Vladimir Zorba
14 прегледи Фото: Фејсбук

Во септември 2025 година, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, на месечна основа се зголемени за 0,9% и 1,6%, соодветно, при годишен раст од 10,2% и 16,1%, соодветно, вели извештајот на Народна банка.

Во септември, автомобилските кредити забележаа месечно зголемување од 1,3% при годишен пад од 0,6%.

Овој месец, кредитите одобрени на кредитните картички се намалени за 0,3% и 6,7% на месечно и на годишно ниво, соодветно.

Во септември, кај негативните салда на тековните сметки и кај кредитите одобрени врз други основи е забележан месечен раст од 1,3% и 0,4%, соодветно, додека на годишна основа се намалени за 2,7% и 8,5%, соодветно.

Слични содржини