НБА ѕвездата Телетовиќ едвај се спаси во поплавите во БиХ: Пред него се срушил рид

од Илинка Илиоска
42 прегледи

Разорните поплави кои ја зафатија Босна и Херцеговина оставија зад себе пустош, однесоа животи и предизвикаа големи штети. Реката Дољанка и пороите од планината Чвршница го уништија и имотот на поранешниот НБА кошаркар Мирза Телетовиќ, кој инвестирал милиони во изградба на мини хидроцентрала во своето родно место, Јабланица. Браната на хидроцентралата „пукнала како коцка“, откако била изложена на силни налети на вода и кал.

Како што пренесува „Слободна Далмација,“ Телетовиќ едвај успеал да се извлече жив. Според мештаните, тој добил итен повик од властите да ги отвори вентилите на хидроцентралата, во обид да се намалат штетите. Откако ги отворил вентилите, Телетовиќ тргнал назад кон Јабланица со својот теренец, но бил блокиран од одрон кој се урнал на патот пред него. Обидувајќи се да најде друг пат повторно наишол на свлечиште и останал без опции за спас.

„На крајот моравме да го оставиме автомобилот и да одиме низ шумата и калта за да стигнеме до дома,“ раскажува неговиот пријател Арман Ризвиќ, кој исто така помагал во ситуацијата. Катастрофалните поплави кои ги зафатија подрачјата околу Јабланица предизвикаа свлечишта и однесоа 16 животи, додека многу други се водат како исчезнати.

Слични содржини