Да се биде НБА везда сигурно има свои предности. Кошаркарот на Никс, Дерик Роуз (33), ја запроси девојката среде „Медисон Сквер Гарден“ и испланира се до последен детал.
Роуз организираше интимна вечера на паркетот, со пригушени светла во салата, на која неговата подобра половина го кажа судбоносното „да“.
https://www.instagram.com/reel/CU82iq6jXrc/?utm_source=ig_web_copy_link
Дел од тој романтичен момент што Дерик го сподели на социјалните мрежи, пишувајќи искрена посветеност на неговата идна сопруга Алена Андерсон.
https://www.instagram.com/p/CU_I742lIvl/?utm_source=ig_web_copy_link
„Не знаев дека работите ќе се одвиваат на овој начин. Не знаев како ќе ме доживееш, но сето ова време се надевав дека ќе ми веруваш. Веруваш во зборовите кога ти кажав ќе те чувам и ќе те сакам засекогаш. Ни требаше време да се опуштиме затоа што и твоето и моето срце беа повредени. Јас секогаш ќе те сакам. Ние изградивмр прекрасно семејство и нераскинлива врска. Благодарам кралице“, напиша емотивниот кошаркарот на профилот на Инстаграм.
Имено, според пишувањата на американските медиуми, постои сомневање дека Роуз и Андерсон се веќе во брак бидејќи според озборувањата од 2018 година, американскиот кошаркар барал слободно време во времето кога Андерсон била бремена.
https://www.instagram.com/p/CUoIfVyM2bl/?utm_source=ig_web_copy_link