336
Посветени на статистичките податоци за годишните финансиски сметки на македонската економија, Народната банка денес ќе биде домаќин на новинарите кои ќе бидат дел од е-работилницата.
Како што е најавено, на овој настан ќе се обрати, гувернерката на НБРМ, Анита Ангеловска-Бежоска, по што ќе бидат презентирани статистичките податоци.
За потсетување, Народната банка започна со објавување на овие податоци кон крајот на минатата година. Податоците се изработени согласно меѓународните и европските статистички стандарди и се однесуваат на состојбите на финансиските средства и обврски по финансиски инструменти и подинструменти за секој институционален сектор и потсектор на националната економија, како и на секторот странство.