НДМ : Македонја да испрати Меморандум до Обединетите нации

од desk3
102 прегледи

Народно движење за Македонија изразува вчудоневиденост од крајно несоодветниот тактичи приод на македонската дипломатија во врска со силниот офанзивен дипломатски притисок од страна на албанската и косовската влада врз Македонија.

banner-300x250px1

Имено, на вербалната нота на Косово до Македонија и заканите со вето во НАТО од страна на албанскот премиер, сведоци сме на крајно невообичаена дефанзивна реакција од македонското министерство за надворешни работи која не подразбира објаснување и одбрана на домашната државна политика

Оттука, во водењето на меѓународните односи кое подразбира заштита и одбрана на националите и државните интереси, НДМ смета дека е созреан моментот Македонја да испрати Меморандум до Обединетите нации во која ќе ја регистрира својата позиција со детална изјава за фактите и аргументите со молба тој да биде циркулиран како официјален документ на Генералнот собрание и на Советот за безбедност на ОН, со цел да му даде публицитет или тој да се разгледува во Советот за безбедност на ОН

На тој начи се отвора патот во Обединетите нации да се расправа за повеќе аспекти како што се изјавите дека Македонија се наоѓа на линија на огнот, што во превод значи војна, предупредувањата за поделба на Македонија помеѓу Албанија и Бугарија, прашањето со терористичката група во Куманово дојдена од Косово и нејзината можна поврзаност со радикалниот ислам или пак со проектот за т.н. Голема Албанија кој претставува опасност за мирот и стабилноста на целиот балкански регион или можната инволвираност на одредени држави и меѓународни невладини организации во заговор за дестабилизација на Македонија во контекст на домашната политичка сцена.