НДМ со донација од 100.000 денари за настраданите во поплавите

од Vladimir Zorba
64 прегледи

timthumb (3)

Народно движење за Македонија денес на сметката на Фондот на солидарност уплати 100.000 денари за помош на настраданите од поплавите.

Со големо жалење за изгубените човечки животи и настанатите штети, НДМ се вклучува и со парична помош на настраданите подрачја.

НДМ упатува повик до колегите од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и сите други партии да го сторат истото.

Сега е момент за хуманост и дело.

Истовремено, претседателот Бачев со сопартијци од раководството на партијата и скопските општински организации на НДМ активно се вклучени во расчистувањето на поплавените куќи и улици.