Не бара бакшиш, а работи совршено

од Vladimir Zorba
214 прегледи

Технологијата игра голема улога во напорите на луѓето да одржат социјална дистанца. Таков е случајот и со роботот – келнер во Даеџон, Јужна Кореја.

“Роботите би можеле да помогнат на луѓето да одржат социјална дистанца. На нашиот робот не му е потребна човечка помош. Од примање на нарачката до испорака“, рече Ли Донг Бае, директор на истражувачкиот сектор на компанијата Vision Semicon, којашто прави роботи.

Овој систем, којшто користи роботска рака за правење и послужување на пијалаци, може да направи 60 различни видови на пијалаци. Исто така може да комуницира и да разменува податоци со други електронски уреди, но и да го пресмета најбрзиот пат за движење низ кафулето.

Како што пренесува Reuters, шест нарачани пијалаци биле послужени во рок од седум минути.

Целта на производителот е до крајот на годината најмалку 30 кафулиња ширум Јужна Кореја да имаат вакви роботи.

Слични содржини