Не бев консултирана за гласањето во ООН за Резолуцијата за Сребреница, вели претседателката Сиљановска Давкова

од Milan1
365 прегледи

За гласањето за усвојување на Резолуцијата за Сребреница каде претставниците на 84 земји гласаа за усвојување, меѓу кои и Македонија, 19 држави беа против, а 68 воздржани, Сиљановска-Давкова со став дека, амбасадорот во ОН требало да се консултира со неа, а не само со министерот за надворешни работи.

– Во меѓународната политика, има поделена надлежност меѓу министерот за надворешни работи и претседателот на државата, рече претседателката.

Таа потенцираше дека при гласањето во ОН, амбасадорот во ОН Љубомир Фрчковски, требало да се консултира со неа, а не само со министерот.

Тоа според неа е логичен метод во меѓународните односи.

Инаку, српскиот претседател Александар Вучиќ е разочаран од тоа како гласаше Македонија, затоа што како што кажа вложил многу за подобрување на односите со Македонците.

Слични содржини