„Не е бебе“: Хејли Бибер откри дека има здравствен проблем (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
303 прегледи

Манекенката Хејли Бибер, сопруга на пејачот Џастин Бибер, сподели фотографија од својот стомак на Инстаграм, поради што многумина помислија дека е бремена.

Сепак, Хејли наведе дека не станува збор за бременост, туку за здравствен проблем.

„Имам циста на јајниците со големина на јаболко. Немам ендометриоза или PCOS (полицистични јајници), но неколку пати имав циста на јајниците и тоа никогаш не е забавно“, напиша таа.

„Многу е болно и чувствувам мачнина, надуеност, грчеви и емотивно сум чувствителна. Како и да е… Сигурна сум дека многумина од вас можат да разберат“, додаде Хејли, пишувајќи „не е бебе“ покрај нејзиниот отечен стомак.

Слични содржини