Специјализираниот комитет на Обединетите нации не успеа да постигне консензус за полноправно членство на Палестина во ОН, изјави претседателката на Советот за безбедност (СБ) и амбасадорка на Малта во ОН, Ванеса Фразије.
Фразије истакна дека во четвртокот две третини од членовите на Комитетот биле за продолжување на членството на Палестина и дека многу земји тврдат дека „Палестина ги исполнува сите неопходни критериуми“ за да добие статус на полноправна земја-членка во ОН, објави Си-Ен-Ен.
Фразије изјави дека никој експлицитно не се спротивставил на квалификациите за членство на Палестинците во ОН.
Исто така, рече дека ќе испрати нацрт-извештај за сослушувањата денес, и ако комисијата не се согласи со извештајот, може да се одржи уште еден состанок за да се надминат сите разлики.
Таа истакна дека секој член на Комитетот сепак може да поднесе резолуција за гласање за членството на Палестина во секое време, без оглед на извештајот на Комитетот.