ПО смртта на кралицата Елизабета, ниту еден член од нејзиното семејство не може да ја стигне нејзината популарност.
Иако новиот крал, Чарлс Трети, беше добро прифатен од британската јавност, неговата популарност не е ни блиску до онаа што ја уживаше неговата мајка. Во анкетата спроведена од британски „Дејли Мејл“, само 8% од Британците велат дека кралот Чарлс е нивниот омилен член на британското кралско семејство.
Омилена членка на најголемиот број испитаници, 35% од нив, е Кетрин, принцезата од Велс, а по неа е нејзиниот сопруг и иден крал принцот Вилијам со 22%. Принцезата Ана, ќерката на кралицата Елизабета, исто така е доста популарна и е омилена на 17% од испитаниците.
Принцот Хари, некогаш попопуларен од кралицата Елизабета, сега има поддршка од само 8%.
Сепак, доста интересна е листата на најнепопуларните членови на кралското семејство. Најнепопуларен е несомнено принцот Ендру, кој стана омразен по аферата со Епштајн. Ендрју е омилен лик на само 1% од луѓето кои гласале во анкетата.
Малку помалку омразени од Ендрју се кралицата Камила и принцот Едвард, кои имаат само 3% поддршка.
Меган Маркл е на самото дно со поддршка од 4%.