Доколку сте одлучиле да купите некоја подобра и поскапа чоколада, не треба да ја изедете на брзина додека чекате автобус, вели Меган Гилер, авторка на книгата „Bean to Bar Chocolate“и судијка на Меѓународните награди на чоколадото. Таа советува како би требало да го дегустирате чоколадото, за да можете да го цените во потполност.
– Пробајте неколку различни чоколади одеднаш
Полесно ќе ги разберете нијансите на вкусовите кога ќе можете да ги споредите чоколадите една со друга.
– Малку нека се олади
Никогаш не го чувајте чоколадото во фрижидер, ниту покрај радијатор или печка. Држете го на суво и ладно место.
Чоколадото можете да го чувате и во херметички затворен сад за да го заштитите. Пред дегустација оставете го на собна температура – кај чоколадите дури и неколку степени прават разлика.
– Проучете го
Доколку видите бели дамки или прашкаста материја за која се плашете дека е мувла, бидете сигурни дека тоа не е знак дека чоколадото „прецутело“, туку се стопила емулзијата, а мастите или шеќерот или и двете испливале на површина.
Чоколадото и понатаму може да се јаде, но ќе биде по мрсно (можете да го подготвите за колачи или да го стопите за топло чоколадо).
– Обрнете внимание на бојата
Чоколадите варираат во нијанси, зависно од видот и поттеклото на зрното какао. Чоколадото, на пример, од Гана или Танзанија е потемно од она на Мадагаскар кое има црвенкаста боја. Доколку имате доволно среќа да купите перуанско чоколадо како „Peruvian Nacional beans“ ќе почувствувате и нијанса на јаворов сируп.