Не е успешен попис оти немаме контакт со над половина милион жители, вели Димовски

од Nikola Popovski
338 прегледи

Во принцип во сите земји од ЕУ попис се прави на резидентното население. Тоа така се прави затоа што нашите граѓани со македонски пасош во Австрија, Германија или Швајцарија се вклучени во резултатите од пописот во тие држави. Пописот не се прави поради политика, туку за увид на население и креирање на политики. Пописот е за да програмираме колку училишта ни требаат, фабрики, преработувачки капацитети. Кај нас се направи закон со кој донесовме одлука како држава да правиме попис на државјаните на Македонија, рече поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Димовски додаде дека МВР денеска официјално потврди дека во Македонија има 2,1 милиони граѓани.

-Значи нас ни фалат околу 406.000 граѓани за кои не можам да кажам дека живеат, ниту дека не живеат. Ако се додадат и 132.000 кои само административно се попишани, а не лично, практично државата нема контакт со повеќе од половина милион жители. Тоа се 21,5 %. Не може со ваков недостаток да кажеме дека имаме успешен попис. Тоа секако ќе имплицира, смета Димовски во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

Слични содржини