517
На актерот Џон Малкович му бил забранет пристапот до хотел во Венеција бидејќи му истекол ковид-сертификатот.
Италијанските медиуми пишуваат дека на 68-годишниот актер му бил забранет пристапот до собата што ја резервирал во познатиот хотел „Даниели“.
Локалните весници објавија дека поради оваа одлука Малкович морал да помине два дена во Венеција во изнајмен стан.
Актерот во овој град ја снима серијата „Риплеј“, а од хотелот не сакаа да го коментираат овој настан.
Да потсетиме, во Италија, за пристап до хотели и ресторани, како и до јавниот превоз, неопходен е ковид-сертификат, кој се добива или по целосна вакцинација или ако некое лице се заразило со коронавирус во претходните шест месеци.