139
Премиерот на БРИТАНИЈА, Борис Џонсон денес изјави дека повеќето луѓе не сметаат дека сега е вистинско време да се одржи уште еден референдум за независност на Шкотска.
„Мислам дека повеќето луѓе во Шкотска, повеќето низ цела Велика Британија, сметаат дека … додека заедно се движиме во пандемија, не е време за несовесен и мислам неодговорен, втор референдум“, рече Џонсон.
Утре во Шкотска се одржуваат парламентарни избори.
Доколку Шкотската национална партија (СНП) на премиерот Никола Старџен победи на изборите, се очекува поголем притисок да се одржи нов референдум, откако беше изгласано во 2014 година Шкотска да остане во Велика Британија.