299
Европската унија денеска повтори дека гасоводот „Северен тек 2“ меѓу Русија и Германија не е од заеднички интерес за ЕУ, но дека ќе го разгледа договорот меѓу САД и Германија постигнат вчера за тој проект.
„Ќе разговараме за ова со земјите-членки на ЕУ и нашите соседи, вклучувајќи ја и Украина“, рече портпаролот на Европската комисија на редовниот брифинг со новинарите, откако Вашингтон и Берлин ветија дека ќе ја ублажат безбедносната закана што ја носи гасоводот, пренесува Ројтерс.
Комисијата, исто така, ја поздрави посветеноста на Германија за спроведување на „духот и регулативите на енергетската безбедност на ЕУ“, со оглед на напорите на Унијата да постигне поголема енергетска независност од Русија.