„Не ги напуштајте своите домови“: Најмалку седум цивили ранети во гранатирањето на Харков

од Stefanija Kuzmanovska
198 прегледи

Најмалку седум цивили се повредени во денешното руско гранатирање на Харков, изјави шефот на регионалната воена администрација Олех Синехубов.

Тој на својот канал на Телеграм напиша дека „окупаторите повторно ги гранатирале станбените области на Харков и индустриската зона“, пренесува „Укринформ“.

Синехубов го повика населението да не ги напушта своите домови доколку тоа не е апсолутно неопходно.

Слични содржини