
На денешната прес – конференција во седиштето на СДСМ, Зоран Заев одговараше и на новинарски прашања. На прашањето за негов коментар на протестот на „БЕСА“ за кој иницијаторите изјавија дека е успешен, но до сега никој од политичките фактори не се огласил, Заев изјави дека секој протест е демократски и дозволен, особено кога е насочен против Груевски и Ахмети.
„Единствено што не ме бендиса е што го имаше само албанското знаме. Ако тие луѓе кои протестираа и викаа дека им е преку глава од национализам требаше и тоа да го покажат. Но, сепак се млади. Ги охрабрувам да продолжат ама мудро“ изјави Заев.
Тој истакна дека до крајот на месецот 25 и 26 јуни ќе има состаноци на који Македонија има одоговрност затоа што аплицира за влез во ЕУ.
„Убаво е да имаме резултати, но ако нема ќе ги отвориме другите механизми, а тоа се мирни и ненасилни механизми, нови протести“ изјави Заев.