„Не можеме да најдеме лек кој делува“: Се влошува состојбата на Селин Дион

од Stefanija Kuzmanovska

Легендарната пејачка Селин Дион минатата година откри дека ѝ бил дијагностициран синдром на вкочанета личност (СПС).

Оваа ретка болест влијаеше на нејзината кариера во изминатата година, а како што стравуваат сите блиски пријатели и членови на семејството на пејачката, болеста може да влијае и на нејзината иднина.

Од здравствени причини таа во мај најави дека ќе ја откаже претстојната турнеја, што загрижи многумина.

Станува збор за дијагноза која погодува еден од милион луѓе, а бидејќи е многу ретка, малку луѓе се засегнати, па научниците не ја истражиле детално. Оваа невролошка болест обично вклучува чести мускулни болки и грчеви, а сестрата на пејачката, Клодет, истакнала дека Селин многу тешко ја поднесува оваа ситуација.

„Таа работи напорно, но нема контрола врз мускулите. Она што ми го кине срцето е тоа што таа секогаш беше дисциплинирана. Таа секогаш работеше напорно“, изјавила сестрата на Селин Дион за 7 Hours и додала:

„Точно е дека за нас и за неа е сон да се врати на сцената. На кој начин? Не знам“.

Оваа ретка болест ги погодува мускулите, па настапите на Селин се многу заморни.

„Гласните жици се мускули, а срцето е исто така мускул. Имајќи предвид дека оваа болест погодува еден од милион луѓе, научниците не ја истражувале толку оваа болест бидејќи не зафатила толку многу луѓе“, рече сестрата на пејачката и додаде:

„Не можеме да најдеме лек кој делува, но важно е да се има надеж“.

Фановите ширум светот секојдневно се јавуваат во Фондацијата Селин Дион за да ја покажат својата поддршка и да упатат убав збор.

„Некои луѓе изгубија надеж затоа што тоа е болест која не е добро позната. Само да знаете колку телефонски повици прима Фондацијата. Луѓето ни велат дека ја сакаат и се молат за неа. Таа добива толку многу пораки, подароци и благослови“, заклучила сестрата на Селин Дион.

Слични содржини