„Не можев да живеам со него“: Ким Кардашијан го прокоментира разводот од Канје

од Vladimir Zorba
44 прегледи

Ким Кардашијан се присети на својот брачен живот во новата епизода од реалното шоу Keeping Up With The Kardashians. Нејзината сестра Клои го коментираше разводот со поранешниот кошаркар Ламар Одом, поради што Ким се присети.

„Сум била таму. Кога не можеш да предвидиш нешто што ќе промени некоја личност и тогаш тој повеќе не е истиот. Знаеш дека нема да го вратиш, но не можеш да живееш со таа нова личност. Разбирам“, рекла Ким.

Иако таа не спомна ничие име, повеќето шпекулираат дека мислела на Канје Вест, со кого беше во брак осум години.

„Потешко е кога не сакаш да ти заврши бракот од лични причини, но околностите се менуваат и те принудуваат да се разведеш. Кога не го планираш тоа и не е исходот што го сакаш но нема друга опција, мислам дека е потешко да се преболи“, заклучува Ким.

Да потсетиме, старлетата неодамна зборуваше за нејзиниот љубовен живот. Таа во трејлерот за новата сезона на шоуто за семејството Кардашијан навести дека повторно е во врска.

„Имав намера да бидам сингл. Целосно ве излажав луѓе. Дека не сум во врска, дека не сакам љубов и внимание? Мислам дека не ме познавате“, истакна Ким.

Слични содржини