Градот Париз во понеделник ќе именува улица по музичката легенда Дејвид Боуви, прва во светот во чест на пејачот кој почина пред осум години.
„Ру Дејвид Боуви“, именувана по еден од највлијателните и најпродаваните музичари на 20 век, официјално ќе биде отворена во 13-тиот арондисман на Париз на левиот брег на градот.
Нема да мора да се отстрани ничие име за да се направи простор за Боуви, бидејќи улицата неодамна беше создадена како дел од големата обнова на населбата.
Улицата долга околу 50 метри, на урбанистите од претходно им била позната по работното име „VoieDZ/13“.
Не постои евиденција дека Боуви има своја улица на кое било друго место во светот.
Боуви, кој почина на 10 јануари 2016 година од рак на црниот дроб, во понеделник ќе го прославеше својот 77 роденден.
Париз играше помалку важна улога во животот на Боуви од Лондон, Берлин и Лос Анџелес, но француската авангардна театарска култура влијаеше врз неговиот визуелен стил.
Боуви сè уште има обожавалтели во Франција, каде фан -клубовите како „Боуви Франција“ продаваат стока, организираат концерти и конвенции кои привлекуваат илјадници луѓе, а каде групата „Bowie Reloaded“ ги исполнува дури и големите сали со носталгични обожаватели.