Не нарачувајте ги овие производи од Temu, опасни се по живот

од Vladimir Zorba
47 прегледи

Трговско здружение во Германија ја истражуваше кинеската онлајн платформа Temu и дојде до шокантни откритија. Истражувањата покажаа дека некои производи можат да бидат сериозно опасни по здравјето на клиентите.

Германското здружение (FSA) сакаше да добие увид во квалитетот на производите од платформата позната по ниските цени и агресивното рекламирање. За таа цел беа извршени пробни набавки и тестирање на производи. Резултатите се загрижувачки.

Производите, меѓу другото, покажале деформација, значително помала јачина и „драматичен“ пад на потребната сила на кинење.

Дополнително, пронајдени се незаконски CE ознаки (задолжителна ознака за сообразност за производите на пазарот на ЕУ и Европската економска зона), неточни или целосно изоставени ознаки за максималното работно оптоварување и неправилно кодирање во боја.

Производните дефекти често не се видливи со голо око, што дополнително го зголемува ризикот.

Трговското здружение затоа предупредува дека има сериозни „ризици по животот и здравјето“ на потрошувачите.

– Контролата на квалитетот и усогласеноста со европските стандарди не се гарантирани за купените производи – се наведува во соопштението објавено во понеделник.

Утврдените недостатоци може да доведат до „сериозни безбедносни проблеми“. Тоа што не се гледаат со голо око дополнително ја зголемува опасноста.

Критиките за Temu не се ништо ново, особено од организациите за заштита на потрошувачите. Германската федерална влада на крајот на јануари објави дека ќе ја зајакне контролата врз кинеските платформи Temu и Shein.

Причината не е само очигледен плагијат и нелојална конкуренција, туку и проблеми со квалитетот и недостиг на безбедносни стандарди.

Слични содржини