285
Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од минус еден до четири, а максималната од четири до 20 степени.
Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до три, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Сончево време со мала до умерена облачност, според УХМР, не очекува и за викендот. Максималната температура ќе биде во пораст и в недела се очекува да достигне до 25 степени.