Во мексиканската држава Нуево Леон-во североисточниот дел на земјата и недалеку од границата со САД беше откриена масовна гробница, која содржи околу 31 илјади човечки остатоци, соопштија претставници на обвинителството на државата, цитирани од агенциите.
Трагичното наоѓалиште било откриено на територијата на ранчот во регионот Салинас-Викторија по паѓањето на поројни дождови. Се претпоставува дека остатоците припаѓаат на киднапирани жртви на наркокартелите.
Остатоците се нафрлалани и мешани така што не може да се утврди точниот број на луѓето на кои тие припаѓаат, изјави претставник на невладината организација “Граѓани за човекови права”, цитиран од весникот “Екселсиор”.
Експерти од обвинителството почнаа експертизи и ги споредуваат и генетските кодови на жртвите.
Од 2011 година досега оваа НВО регистрирала 967 поднесени апликации за исчезнати луѓе. За 825 лица од нив досега нема никакви информации. Мексиканските спроведувачи на законот велат дека вчера е уапсен еден од лидерите на нарко картелот “Халиско – нова генерација”- Хавиер Гереро Коваррубиас, со прекар Хави. 27-годишниот криминалец бил фатен без ниту еден истрел во регионот Сапотлан во државата Халиско. Подготовката на операцијата за негово апсење траела 5 месеци.
Коваррубиас беше баран по обвиненијата за трговија со дрога, рекет, киднапирања и убиства. Имено, тој е осомничен за организирање на нападот врз полицајци во март годинава во истата држава, при што загинаа петмина вработени на федералната полиција и двајца мирни граѓани.
