Не плаќа алиментација: Оливија Вајлд го тужи поранешниот партнер, ѝ се заканува финансиска пропаст

од Stefanija Kuzmanovska
202 прегледи

Во еден момент се чинеше дека актерката Оливија Вајлд и нејзиниот поранешен партнер Џејсон Судеикис, по бурното распаѓање на врската, се смириле и конструктивно разговарале за се што треба да прават паровите со две деца откако ќе се разделат. Снимени се како се гушкаат во Холивуд, снимени се како заедно уживаат во фудбалскиот натпревар на нивниот син.

Сепак, се чини дека ситуацијата не е ниту мирна, ниту решена. Порталот The Blast дошол до документи кои покажуваат дека актерката и режисерка сака на суд да докаже дека моментално сноси „сто проценти од трошоците за грижа за децата“. Ова вклучува хранење, облека и вонучилишни активности за синот Отис (8) и ќерката Дејзи (6), кои живеат со неа. Единственото нешто во кое учествува Судеикис, актер, комичар, сценарист и продуцент е цената на нивните школарини.

Вајлд бара од судот да го принуди нејзиниот поранешен вереник, со кој беше во врска од 2011 до 2020 година, да плаќа алиментација за да може да се погрижи децата да бидат згрижени „во склад со животниот стандард на Џејсон“.

Следно што актерката сака од својот поранешен, кој е осум години постар од неа, е да плати дел од трошоците за адвокати и сметководители. Не станува збор само за тоа што финансиски стои многу подобро од неа. Главната причина што парите протекуваат од нејзината сметка е поради „безобразното, непотребното и агресивно однесување на Џејсон и неговите советници“. Накратко, тој ја доведува во долгови и сака финансиски да ја уништи.

Во Холивуд, познатата адвокатка Лаура Васер поднесе барање до судот во нејзино име Судеикис ретроактивно да ѝ плати отштета од 500.000 долари, како и алиментација за децата.

„Џејсон ја дели истата одговорност за грижата за децата како и таа, но сега таа го сноси лавовскиот дел од трошоците“, се вели во документите.

Приказната за нивниот конфликт околу финансиите ја пренесоа и други медиуми, а Page Six се обрати и до „извор близок до Џејсон“.

„Во текот на целата нивна врска, двајцата подеднакво и правично ги делеле сите трошоци, вклучувајќи ги и трошоците поврзани со децата. Џејсон презел законски чекори првенствено за да се осигура дека децата имаат еднаква грижа кај двајцата родители. Тој сакаше тоа да се заснова на судска одлука за тоа што е финансиски праведно“, навел изворот.

А од судската пријава што Вајлд ја даде на почетокот на нивната судска битка, беше откриено дека таа има имот од околу 10 милиони долари. Таа напиша дека има 645.187 долари на банкарски сметки, 3.902.689 долари во акции и обврзници, 6.021.860 долари во недвижен имот, вкупно 10.569.736 долари. Во истиот документ се наведени дел од трошоците поради кои ѝ се заканува финансиска пропаст. Нејзиниот месечен приход е 71.667 долари, но троши 107.000 долари и повеќе само на хипотека, перење алишта и чистење.

Протекувањето на судските документи разбирливо ја налути Вајлд.

„Фактот дека запечатените, приватни документи, кои никогаш не биле наменети за јавна употреба, протекоа во јавноста е огромно нарушување на довербата. Тоа е приватна, семејна работа во која се вклучени мали деца и не престанува да биде тема на таблоидите. Сето ова трае веќе една година и навистина е трауматично“, изјави претставникот на Оливија Вајлд за вестите на ТВ каналот Е!.

Слични содржини