На последниот натпревар за Хетафе, Мејсон Гринвуд покажа дека не ги загубил оние квалитети кои некогаш го промовираа во еден од најдобрите млади играчи. Но, во матичниот клуб Манчестер Јунајтед не се предомислиле во желбата да го продадат.
Хетафе победи над Алмерија викендот, а Гринвуд постигна два гола. Со тоа Англичанецот ја заокружи својата најдобра партија сезонава.
Откако оваа сезона дојде на позајмица од Манчестер Јунајтед, Гринвуд на 28 натпревари постигна осум гола и забележа шест асистенции. Пред тоа, Гринвуд немаше играно фудбал од сезоната 2021/22 по обвиненијата за силување, кои на крајот беа отфрлени.
Сепак, лошата слика остана. А тоа очигледно не му се простува на Манчестер Јунајтед кој нема намера да го задржи и бара можност да го продаде.