Не помогна ниту Ибрахимовиќ: Volvo ги отфрла караваните, остава само теренци и седани

од Vladimir Zorba
59 прегледи

Volvo наскоро ќе се збогува со каросеријата што на брендот му донесе толку многу клиенти и обожаватели. Поточно, станува збор за караван каросерија која трајно ќе биде повлечена од гамата на Volvo. Ова го потврди Џим Роуан, извршен директор на шведскиот бренд.

Една ера завршува, а друга започнува кога Златан Ибрахимовиќ се збогува со шведската фудбалска репрезентација во новиот филм за Volvo V90.

Така, шведскиот бренд во 2016 година го ангажираше познатиот фудбалски ас Златан Ибрахимовиќ во моментот на неговото збогување со шведската репрезентација, но и на претставувањето на новиот модел V90. За жал, откако популарниот Ибрахимовиќ ги закачи копачките, караваните на Volvo ќе им отстапат место и на теренците.

Во интервју за Autoexpress, шефот на Volvo беше прашан дали гледа иднина за брендот без традиционален караван во неговата понуда. На ова прашање, Роуан одговори: „Да. Затоа што мислам дека пазарот се промени, нели?“

„Значи, мора да направиме избор. Наместо да лансираме нов V90, на пример, дали е подобро тој автомобил да се позиционира на малку поинаков начин? Значи, имаме Black Editions, имаме Cross Country изданија – сега имаме различни изданија на истиот основен автомобил. За нас е многу, многу поевтино и попрофитабилно да генерираме поголем обем на продажба користејќи иста платформа преку различни формати“, додаде Роуан.

Шефот на Volvo тогаш изјави дека скандинавската марка повеќе ќе се фокусира на SUV возилата, поради нивното повисоко ниво на безбедност. Во исто време, Volvo ќе се фокусира и на лансирање на нови седани.

Слични содржини