НЕ САКААТ ДА СЕ ПЕНЗИОНИРААТ: Постарите луѓе се повеќе се вработуваат, се бара зголемување на старосната граница за пензионирање

од Vladimir Zorba
735 прегледи

Германците родени по 1964 година имаат право на старосна пензија на 67 години. Постои можност и за предвремено пензионирање, по навршување на 63 години, но потоа пензиите се помали.

Податоците покажуваат дека бројот на вработени во возрасната група од 63 до 67 години, кои сè уште плаќаат придонеси, а се вработени дури и со скратено работно време, континуирано расте од 1,31 милион во 2020 година на минатогодишните 1,67 милиони.

Од таа возрасна група, во 2022 година биле вработени 1,52 милиони Германци.

Официјалните бројки Владата ги изнесе како одговор на пратеничко прашање од партијата Левица, а до овие податоци имала пристап и агенцијата ДПА.

Левичарскиот пензиски експерт Матијас В. Бирквалд прокоментира дека постојано има барања за зголемување на старосната граница за пензионирање, за укинување на т.н. пензија на 63 години, како и т.н „флексибилна пензија“.

Тој, сепак, посочи дека вработувањето на постари лица е се почеста појава.

Долго време во Германија се води дебата за тоа што да се прави со стареењето на населението и недостигот на работна сила.

Синдикатите и левичарските политичари се противат на предлозите за зголемување на старосната граница за пензионирање, можеби дури и на 70 години.

Слични содржини