Не само од Талир 2, сите украдени пари ВМРО-ДПМНЕ да ги врати кај граѓаните, велат од СДСМ

од Vladimir Zorba
250 прегледи

„Случајот Талир 2 е последната потврда за криминалот од епски размери на ВМРО-ДПМНЕ. Талир 2, Тврдина – Таргет, Плацови на Водно, Тенк се случаите каде низ судска постапка е потврден криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, а во постапка се и неколку други предмети“, соопштуваат од Бихаќка.

„Додека за 11 години граѓаните тонеа во сиромаштија, ВМРО-ДПМНЕ незаконски градела луксузно опремен дворец и купувала простории во триесеттина градови низ државата.

Наместо да го брани криминалот на свои функционери, ВМРО-ДПМНЕ треба да ги врати украдените пари не само од случајот Талир 2 туку и сите други украдени пари.

И покрај бројните пресуди за докажан криминал, во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, тоа е криминална партија која работи на штета на граѓаните“, велат од партијата на власт.

Слични содржини