Песок торта е една од омилените за многу генерации. Со години родендените се славеа со оваа торта. Толку едноставно се подготвува, а е неверојатно вкусна, што никој не може да ѝ одолее.
Песок тортата е еден од оние десерти кои будат носталгија. Ова е едноставен рецепт за совршен десерт кој не бара ни печење.
Потребно ви е само половина час, а за миг ќе ве врати во оние денови кога родендените се славеа со сендвичи од крекери, жолт и црн сок и, секако, песок торта!
Потребни состојки:
500 г мелени бисквити (кекс)
250 г маргарин или путер
200 г шеќер во прав
200 мл млеко
100 г чоколадо за готвење
100 г мелени ореви
1 ванилин шеќер
2 лажици какао
1 лажица рум (по желба)
Подготовка:
1. Во голем сад измешајте ги мелените бисквити, шеќерот во прав, ванилиниот шеќер, какаото и мелените ореви.
2. Во друг сад растопете го маргаринот или путерот, па додајте го во сувата смеса. Постепено додавајте го млекото и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Ако сакате, додајте и лажица рум за дополнителен вкус.
3. Земете калап за торта и обложете го со хартија за печење. Смесата рамномерно распоредете ја во калапот и добро притиснете за да се изедначи.
4. Растопете го чоколадото за готвење и прелејте го преку тортата.
5. Ставете ја тортата во фрижидер неколку часа, најдобро преку ноќ, за добро да се стегне.