Не се сретнаа Мицкоски и Радев, сепак бугарскиот претседател претседател ја нагласи потребата од проширување на ЕУ

од Илинка Илиоска
315 прегледи

Средбата помеѓу Христијан Мицкоски и Румен Радев во Будимпешта не се оствари. Сепак, бугарскиот претседател, во својот говор на Самитот на Европската политичка заедница, испрати порака до Унијата да посвети повеќе внимание на процесот на проширување. Според него, проширувањето на Европската унија ќе обезбеди стабилност и безбедност за Западен Балкан, но нагласи дека секоја земја која сака да се зачлени мора да гради добрососедски односи и да ги исполнува своите меѓународни обврски, како и да се придржува до решенијата на Унијата.

Во меѓувреме, домашните власти се вратија со оптимизам во однос на евроинтеграцијата, особено по билатералната средба помеѓу премиерот Мицкоски и францускиот претседател Емануел Макрон.

Александар Николоски нагласи дека Макрон е “несомнено лидер на Европа” и дека има голема поддршка и стабилен мандат во Европската унија од сите големи земји-членки. Тој додаде дека фактот што Макрон одвоил време за да се сретне со премиерот на Македонија на еднодневната конференција, многу говори за личниот авторитет на Мицкоски и угледот што го ужива Македонија на меѓународната сцена.

Додека деталите од средбата се сѐ уште не се откриени, Мицкоски сподели дека со Макрон разговарал за деблокирањето на процесот на евроинтеграција. Премиерот истакна дека, по Самитот во Будимпешта, е сѐ повеќе оптимист за иднината и уверува дека Македонија ќе продолжи да се бори за своето место во Европската унија: „Ќе продолжиме да се бориме за Македонија, и во неделите, месеците, годините коишто ни следат. Мора да успееме. Мора да бидеме таму каде што заслужуваме, а тоа е успешна европска приказна, а местото наше е во рамките на Европската Унија.“

Во контекст на напорите на властите да обезбедат гаранции за непречен преговарачки процес, идната еврокомесарка за проширување, Марта Кос, изјави од Брисел дека очекува Македонија да го измени својот Устав – “ништо повеќе, ништо помалку.”

Слични содржини