Авијацијата од тешкиот авионски крстосувач “Адмирал Кузнецов” ќе учествува од источниот дел на Средоземното Море во нанесување на удари по екстремистите во Сирија во октомври 2016 – јануари 2017 година.
Соопштението е на агенција ТАСС со упатување на дипломатски извор во Москва.
“Генералштабот веќе има подготвено план за учество на бродски пилоти од мешан авионски состав за нанесување на удари по терористичките групи во Сирија. Тој има за цел да им даде на екипажите практика за извршување на борбени летови од палубата на авионскиот крстосувач за уништување на земни цели “- рекол изворот на агенцијата.
Зад жестокиот напад на истанбулскиот аеродром
Тој прецизира дека во исто време удари ќе нанесуваат и пилоти од авионската група од базата во Хмејмим и авијацијата “во најтесна интеракција меѓу себе”.
“Адмирал Кузнецов” ќе ја предводи постојаната група на руската ВМФ во Медитеранот и ќе се наоѓа во близина на брегот на Сирија “, за да им стигне горивото на ловците за извршувањето на борбените задачи за да можат да се вратат на палубата на бродот. Аеродромот во базата Хмејмим ќе им служи за резервен.
Се очекува на одборот на авионскиот крстосувач за време на походот да има околу 15 ловци Су-33 (Су-27К) и Миг-29К / КУБ и повеќе од 10 парчиња хеликоптери Ка-52, Ка-27 и Ка-31.
Учеството на “Кузнецов” е дел од напорите на руското воено раководство да ја користи Сирија како тренинг полигон за проверка на борбената техника и подготовка на што е можно повеќе воени специјалисти.
Авионскиот крстосувачќе биде во Средоземното Море до крајот на јануари-почетокот на февруари, по што ќе се врати во Русија и во март ќе отплови за поправка со модернизација во Северодвинск крај северниот руски град Архангелск.
“Адмирал Кузнецов” помина редовна поправка во Мурманск и од 1 јули на него се вршат летови за обука.


