НЕ сме граѓани од втор ред министерке- никој нема правото да ги “нуди и ветувa” Ромите!

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Ромите се крајно помижени и навредени од он што го случнаа како разговор а нив  во бо,бата која ја обкави опозиционата СДСМ каде минситерката ЈАнкловска зборува  како  со присила се употребувани  ромите за време на изборниот процес.

Скедуваче жестока реакција на АшметЕлезовски Член на Извршен одбор Европски и Ромски Патувачки Форум (ЕРТФ) Стразбург, кој упати писмо реакција до јавноста,  и покана до медиумите за  неговата прес конференција денеска пред македонскиот парламент. Писмото ви го премесуваме во целост:

роми

Kако никогаш претходно, состојбата со правата  на Ромите во Македонија не доживеала толку голем чекор наназад, како што тоа е случајot  сега, по објавувањето на последната “бомба” од страна на опозицијата. Но, истотака, како никогаш претходно, со тие објавени телефонски разговори, конечно стана јасно зошто напорите за поголема вклученост на Ромите во Македонија доживува целосен неуспех и покрај многубројните обврски што државата ги има преземено во то јдел.

Стана јасно дека државните органи што за сите граѓани треба да обезбедат еднаков пристап до правата и слободите гарантирани  созакон и Устав, се всушност управувани од лица што за Ромите сметаат дека се само граѓани од понизок ранг и инструмент за злоупотреби во време на избори. Сега е и јасно зошто толку лесно државата насилно, незаконски и спротивно на Уставот постапуваше со Ромите во случајот со tаканаречените “азиланти”, кога илјадници Роми беа дискриминирани од граничнитеслужbи на Македонија.

Конечно, стана јасно и декаРомите од Македонија мора многу поцврсто и целосно самостојно да се изборат за eднакви права и подобар статус во сопствената држава. Правото наРомите да  уживаат исти слободи и еднаков татус со сите други етнички заедници во државава не е и неможе да биде  воничија сопственост. Затоа, никој нема правото даго “нуди и ветувa”, а уште помалку истото да го оневозможува!

Повикани од незадоволство од навредите искажани од страна на високи претставници на власта, како и од многубројните злоупотреби и прекршувања на основните човекови права, што резултира а со драстично влошување на состојбата на Ромите во Македонија, сабота 07.03.2015 со почеток во 12 часот, ќе дадеме изјава за медиумите, во Паркот Жена Борец, во Скопје.

Во продолжние еве го материјалот на кој реагираат Ромите од Македонија претставници во Стразбург