„Македонските граѓани плаќаат енормно скапи горива, само за да го покријат задолжувањето и непродуктивните трошоци на оваа влада, а само во последната година бензините се кренаа од 50 денари по литар на 71.5 денари, а дизелот од 46 денари по литар на 63 денари и за сето ова лично е виновна владата, СДСМ и Зоран Заев. Ова треба да ги покрие непродуктивните трошења на СДСМ и целиот грабеж“, вели денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Овој ценовен шок кој ни го приредуваат од власта ќе ги покачи сите давачки во превозниот сектор. Транспортерите ќе бараат реално покачување на картите за патниот превоз и покачување на тарифите. Но, ќе се покачат и останатите давачки од транспортниот сектор“,тврди Арсовски.
Повтори дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира законот во Собранието, користејќи ги сите демократски начини и алатки.
„Ова не смее да помине. Не смее да се наметне уште еден трошок на граѓаните“, вели портпаролот од Белата палата.