„Не спијам мирно“: Вучиќ загрижен за ситуацијата со енергетската криза

од Берта Китинска

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска зборуваше за актуелната енергетска криза.

– Не спијам навечер, ништо нема да решиме лесно, ќе имаме проблеми со цената на сите извори на енергија, изјави денеска Вучиќ, присуствувајќи на денешното отворање на рудникот за бакар и злато во Чукар Пека.

Тој посочи дека на тоа поле вложуваме повеќе напори од многу други земји.

– Не се загрижени оние кои се во десет пати полоша ситуација од нас. Ние се бориме повеќе од нив, затоа сме толку успешни – оцени Вучиќ.

Имаме страшна енергетска состојба, забележува и посочува дека струјата на берзата е 229 евра за мегават.

Слични содржини