Не сте ја виделе во вакво издание досега: Сара Џесика Паркер не ги крие годините (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
341 прегледи

Актерката Сара Џесика Паркер, која ја глумеше славната Кери Бредшо, пред неколку месеци наполни 57 години.

Сара Џесика Паркер моментално ја снима втората сезона од новиот дел од култната серија „Сексот и градот“ која го носи називот „And just like that“.

Кери служеше како инспирација за облекување за многумина, а благодарение на нејзината улога Сара стана стилска икона.

Како што беше претходно најавено, Кери и нејзината пријателка Миранда, која ја игра Синтија Никсон, во новите епизоди ќе имаат природно седа коса. Нивната цел е да прикажат реална слика за жените од нивната ера.

Странските папараци успеаја да ја фотографираат Сара во нејзиниот секојдневен опуштен и природен изглед, а токму нејзината седа коса на многумина им падна во очи.

Слични содржини