Не стивнува сагата меѓу Шакира и Пике: Пејачката гради ѕид

од Stefanija Kuzmanovska

Познатата пејачка Шакира гради ѕид за да го одвои својот имот од имотот на поранешната свекрва бидејќи нивните куќи се поврзани во некои области. Камерите на шпанската телевизија снимија мешалка за цемент како работи во близина на домот на славната пејачка.

Шакира претходно поставила кукла вештерка гледајќи кон куќата на нејзината поранешна свекрва. Нејзиниот бизарен потег наводно го шокирал семејството на Пике, а вештерката прва била забележана од неговата мајка, која побарала да ја отстрани, што пејачката одбила да го направи. Некои медиуми, пак, целиот овој случај го нарекуваат „шпанска сапуница“.

За потсетување, минатата недела Шакира објави песна за Жерар Пике во која зборува за неговото неверство. За само два дена песната собра над 86 милиони прегледи на Јутјуб и го собори рекордот како најслушана латиноамериканска песна на оваа платформа во тој период.

Дополнително, се шпекулира дека Шакира ја открила аферата на Жерар Пике поради празна тегла со џем од јагоди. На интернет кружат гласини дека поп-ѕвездата дознала за изневерувањето на нејзиниот поранешен партнер откако ShowNews Today објави дека Пике, како и нивните деца Саша и Милан, не сакаат џем.

Слични содржини