„Не сум многу слаба“: Ова е новата љубов на Килијан Мбапе (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
484 прегледи

Пред извесно време медиумите објавија дека фудбалерот Килијан Мбапе (23) е во врска со манекенката Инес Рау, која во светот е позната како првата трансродова манекенка која се појавила на насловната страница на „Плејбој“.

Очигледно таа врска е завршена и сега во фокусот е неговата нова романса со манекенката Роуз Бертрам (28).

Според медиумите, Роуз почнала да се занимава со манекенство на 13 години, а првиот договор го потпишала три години подоцна со агенцијата Dominque. Во интервју за Vogue таа се присети дека многу луѓе ѝ велеле дека нема да успее во светот на модата.

„Ми рекоа дека никогаш нема да можам да работам големи работи бидејќи не сум доволно висока, не сум многу слаба и не сум тип за висока мода. Сега важно е да им се даде шанса на девојките кои не се високи, кои имаат облини… Тоа е начинот на промена во модниот свет“, истакнала таа.

Исто така, нејзиниот љубовен живот е многу интересен. Оваа атрактивна манекенка беше во врска со поранешниот играч на Пари Сен Жермен, Георги вар де Вил, со кој има две деца.

Слични содржини