Не сум најбогат Македонец, сакам вработените да се задоволни, вели Анѓушев

од Nikola Popovski
552 прегледи

Работиме колку што можеме. Не се согласувам дека сум најбогат Македонец, има многу побогати од мене. Не правам таква анализа. Сакам вработените да бидат задоволни пред сѐ. Не е работата во личниот успех, вели бизнисменот Кочо Анѓушев во емисијата „Само интервју“ како одговор на прашањето дали е вистина дека на листата на „Форбс“ е прогласен за еден од петте најбогати Македонци.

Анѓушев, кој е поранешен вицепремиер, вели дека нема повторно да се активира во политиката.

-Ценев дека треба да се даде придонес. Мислам дека македонското општество не е спремно да прифати човек од стопанството, мислат дека се оди во политиката за да се стекне нешто. Ништо не сум стекнал додека бев вицепремиер, напротив моите компании работеа послабо. Не би се чувствувал подобро ако би бил дел од Владата, рече бизнисменот.

Слични содржини