„Не сум негативецот што ме направија“: Лизо се огласи по обвинувањата за сексуално вознемирување

од Stefanija Kuzmanovska
406 прегледи

Американската пејачка Мелиса Вивијан Џеферсон, позната како Лизо, е обвинета од нејзините танчери за злоупотреба. Сега таа го даде својот одговор.

Лизо го отфрли тврдењета за сексуално вознемирување против неа како „неверојатни“ и „безобразни“.

35-годишната хитмејкерка и сопственичка на песната „Good As Hell“ е тужена од тројца нејзини поранешни резервни танчери за наводно сексуално вознемирување, создавање непријателска работна средина и дискриминација, а таа го прекина молкот на Инстаграм во четвртокот, наведе „Дејли мејл“.

Лизо инсистираше на тоа дека тврдењата се невистинити и инсистираше на тоа дека нејзините обвинувачи биле претходно предупредени за нивното „несоодветно и непрофесионално“ однесување.

„Мојата работна етика, морал и почит се доведени во прашање. Мојот лик беше критикуван. Обично избирам да не одговарам на лажни обвинувања, но колку и да звучат неверојатно, тие се премногу страшни за да не се осврнам. Овие сензационализирани приказни доаѓаат од поранешни вработени кои веќе јавно признаа дека им било кажано дека нивното однесување на турнејата било несоодветно и непрофесионално. Како уметник, отсекогаш сум била многу страстна за она што го работам. Мојата музика и моите настапи ги сфаќам сериозно затоа што на крајот на денот сакам само да ја претставам најдобрата уметност што ме претставува мене и моите обожаватели. Со страста доаѓа напорна работа и високи стандарди. Понекогаш морам да донесам тешки одлуки, но никогаш не ми е намерата да направам некој да се чувствува непријатно или неценет како важен дел од тимот. Не сум тука за да ме гледаат како жртва, но знам и дека не сум негативецот каков што луѓето и медиумите ме направија деновиве. Многу сум отворена со мојата сексуалност и изразување, но не можам да прифатам или да дозволам луѓето да ја искористат таа отвореност за да направат да бидам нешто што не сум“, напиша таа.

 

„Нема ништо што го сфаќам посериозно од почитта што ја заслужуваме како жени во светот. Знам какво е чувството да се биде осрамотен секој ден и апсолутно никогаш не би критикувала или отпуштала вработен поради нивната тежина. Повредена сум, но нема да дозволам добрата работа што ја направив во светот да биде засенета од ова. Сакам да им се заблагодарам на сите што ме поддржаа во ова тешко време“, заклучи Лизо.

Слични содржини