Александра Пријовиќ го најави својот петти концерт во Загребската Арена и го потврди статусот на „најбараната“ пејачка на Балканот, а нејзините обраќања до хрватските медиуми го привлекоа интересот дури и на српските медиуми.
Како што изјавила, за неа е голема чест што постигнала ваков успех во Хрватска бидејќи голем дел од животот поминала во Бел манастир, при што истакнала дека е „пејачка на сите, а не само српска пејачка. “.
– Воспитана сум така што, во која земја и да одам, најважно е каква си личност , истакнала таа.
– Секоја земја е посебна за мене: во Босна сакам да слушам севда, кога сум во Хрватска го пуштам Оливер Драгојевиќ, во Загреб имам омилен ресторан во кој сакам да одам. Со оглед на тоа дека сето ова се случува во Хрватска, некако е… јас пораснав овде. Мислам дека луѓето кои го знаат тоа се горди на мене. Особено оние кои одеа на училиште со мене и се дружеа, раскажала таа.
Додала дека нема да биде импресионирана доколку во некое издадени во врска со нејзиното име прочита „српска пејачка“.
– Не сакам да кажам дека припаѓам на некого: Јас сум сечија пејачка и ги сакам сите. Не сакам некој да ме присвојува и да каже дека сум „само нивна“. Каде и да одам публиката ми приредува одлично добредојде и се чувствувам како да пораснав во секоја од тие земји, изјави 28-годишната Пријовиќ.
Оваа изјава предизвикала вистинска лавина од коментари, а самата Александра не можеше да остане рамнодушна и да не ја коментира ситуацијата. Таа по тој повод им се обратила на сите преку Инстаграм.
-Иако никогаш не демантирам написи во весници, во овој случај имам голема потреба да ви се обратам во врска со вчерашниот текст во кој е наведено дека не сакам да се декларирам како српска пејачка. Сите добро знаат дека јас сум Србинка која пораснала во Хрватска. Моето семејство потекнува од Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина, како и многу семејства во нашиот регион. Изјавата што ја дадов беше целосно извадена од контекст, а можеби и беше слабо искомуницирана од моја страна, затоа што сакав да кажам дека сум некој што се чувствува како дома во сите тие републики. Музиката треба да не обединува, а не да не дели. Жал ми е што лошо беше пренесена пораката за единство и љубов. Јас никогаш не се откажувам од моите. Знам дека ќе ме разберете, напиша таа во својата приказна на Инстаграм.