Не треба само стока. Треба и акал !

од desk3
84 прегледи

Image_5707557_126

10 работи кои нема да ги купите, ако не беа идеја на производителите. Има една добра и една лоша вест. Добрата е дека луѓето се уште купуваат. Лошата е дека купуваат помалку. Или, како што иронично велат економистите – потрошувачката е свиткана. И може нема изгледи да се расплетува наскоро.

Затоа треба да се произведуваат производи со “екстра”. Односно стока со содржи плус што ќе ги натера луѓето да ја купат.

Image_5707548_128

Овој човек не жали труд, време и материјали за да  направи копија на класичната мадона на калдрмата. Ни  летниот дожд не може да му го избрише делото , тој заработува добро.

 

Ако до неодамна тоа важеше главно за техниката, автомобилите или услугите, во последните години се применува и за најобични предмети. Како солници и рендалки на пример. Колку пати во животот човек купува солница? Еднаш. Сепак, може да се купи и два и три пати, ако солницата изгледа необично. Тогаш може да земе по една и на роднините, и на своите пријатели. А може да си направи цела колекција.

Image_5707549_128

Секој прави лимонада, но само еден ја става во стаклена чизма. Одличен подарок од Италија

 

Производство на предмети со “содржина плус” не е нова идеја. Уште во 1985 година двајца Французи – Жак и Лена Гилме, создаваат синџир за необични подароци Pylones. Во неа веќе 30 години се продаваат наизглед обични предмети, кои се создадени во необични форми или со необични дополнувања. За 3 децении синџирот отвори 150 продавници во 28 земји во светот.

Image_5707550_128

Човечки скулптури има многу, но оваа ала Микеланџело е само една. Живата статуа, која се вика Пиета, победи пред своите конкуренти во Фиренца многу повеќе поради раката со која благословува.

 

Инспирирани од неа, и други креатори на производи или продавачи на уметност и услуги бараат екстра, преку кој ќе продадат полесно стока. На оваа и следната страница видете 10 примери за тривијални производи, чии автори сфатиле како да бидат забележани. И купени.

Image_5707551_128

Мало возило, на кое пишува “Изнајми ме”

Image_5707552_128

Трицикл со глупава форма кој ги привлекува туристите

Image_5707553_128
Крокодил за мраз

Image_5707554_128
Маче држи кујнска жица, која многу личи на топка од предиво

Image_5707555_128
Ренде за принцези во кујната

Image_5707556_128
Чадор со нозе

Image_5707558_128
Шарена камила на аеродромот во Минхен која го подобрува расположението на сите, но и “продава” повеќе цигари на пушачите.

Image_5707560_128

Место за неговиот и за нејзиниот телефон

Image_5707561_128
Четки за коса

Image_5707562_128
Острилка за моркови од последната колекција на Pylones

Слични содржини